Да започнеме со првиот час.
Основни работи кои мора да ги поседува еден програмски код се вклучувањето на датотека од библиотеката, тело на функцијата, и дефинирани типови на податоци.
Влкучувањето на датотека во кодот се вши со пишување на следниот код
- Код:
-
#include <датотеката>
датотеката најчесто е од библиотеката на самиот компајлер па затоа за стандардна датотека преку која внесуваме и ги читаме податоците на мониторот е
- Код:
-
iostream
.За да читаме од стандардната библиотека ние внесуваме
- Код:
-
using namespace std;
Програмата може да се состои од повеќе функции (функции кои враќаат вредност и функции кои не враќаат вредност).Основна функција во C++ е
- Код:
-
main
функцијата. Да го напишеме сега првиот код:
- Код:
-
#include <iostream>
using namespace std;
int main()
{
cout<<"Zdravo na site!";
return 0;
}