Ivanalicius Почетник
Број на мислења : 8 Registration date : 2008-05-24
| Предмет: Променливи и константи, резултати, резултанти... :) Саб 24 Мај 2008, 16:06 | |
| Во овој туторијал ќе се обидам да напишам една едноставна програма при што ќе објаснам како се дефинираат променливите и константите во програмскиот јазик Java и како се вршат основни операции со нив... Како и во сите други програмски јазици, така и кај Јава разликуваме неколку видови податоци, од кои најважни и најкористени се: целобројни(int), реални или со подвжина запирка(float), текстуални(string), логички(boolean) и др. За да можеме да оперираме со овој вид податоци, потребно е нив да ги дефинираме во програмата, т.е да алоцираме место во меморијата. Тоа го правиме со помош на променливи и консанти. Кај Јава, променливите и константите најчесто ги дефинираме на почетокот од класата и тоа со следната синтакса: прво се пишува типот, а потоа името на променливата. Пример: int Број, String ИмеПрезиме, boolean Точно итн. Исто така, доколку има повеќе променливи од ист вид, тие можеда се запишат во ист ред. Пример: int x,z,y... Само да спомнам дека покрај на почетокот, дефинирањето може да се направи каде било во програмскиот код. Вака дефинирани, променливите може да ги споиме со некој оператор (артиметички, логички и сл.) и заеднички да конструираме израз. Изразите се всушност множество од операнди и оператори и кај нивното конструирање мора да се води сметка како за правилниот распоред на елементите, така и за важноста на одредена операција пред некоја друга. На пример, доколку запишеме 6+4/2 резултатот ќе ни биде 8, бидејќи операцијата делење има предност, пред собирањето. Ист е случајот и со другите аритметички операции, после кои следуваа логичките, па операциите на доделување и сл. Исто така, многу важно е пред да се применат операциите, да се води сметка за типот на променливите кои се користат. На пример, ако дефинираме дека „х“ и „у“ се целобројни променливи, тогаш и резултатот ќе биде целоброен број, дури и ако се работи за операција(како делењето на пример) каде што точниот резултат е реал број. На пример, ако х=31, у=9, резултатот на 31/9 ќе биде 3, што и не е најточно. Но, доста теоретизирање. Сето она што го објаснував, да го искодираме во Јава и верувам дека ќе ви стане појасно како се употребуваат изразите и што значат поимите дефинирање променливи и конструирање изрази. - Код:
-
class Artimetika { public statis void main (String args[]) { short x = 6; int y = 4; float a = 12.5f; float b = 7f;
System.out.println("x е " + x + ",y е " + y); System.out.println("x + y = " + (x + y)); System.out.println("x - y = " + (x - y)); System.out.println("x / y = " + (x / y)); System.out.println("x % y = " + (x % y)); } }
| |
|