Благојче Администратор
Број на мислења : 144 Age : 35 Местолокација : Прилеп Registration date : 2008-02-24
| Предмет: Label Пет 25 Апр 2008, 18:52 | |
| Овој час ќе се запознаеме со алатката Label. Најчесто се користи за прикажување на текст поточно за објаснување на некој дел од апликацијата. Label може да се прикажува во рамка или само текстот или пак како вдлабната, тој ефект можеме да го постигнеме со подесување на опцијата Border Style која се наоѓа во прозорецот за својства (Properties widow-ако не го гледаме можеме да притиснеме F4 од тастатурата или view->Properties window). Во прозорецот со својствата имаме многу опции, но ние ќе ги споменеме само најбитните. Под опцијата Text можеме да го напишеме текстот кој треба да се прикажува во Label-ата. Ако сакаме да ја зголемиме формата на label-ата тоа можеме да го направиме преку опцијата Auto Size да биде поставена на False. За повеќе линиски текст во Visual Basic 2008 е автоматски со тоа што само ќе ја промениме гоелмината на label-ата. Внимание: овие опции се за во Visual Basic 2008, а линк од каде да го симнете имате во оваа тема: "За почеток". | |
|