1-от час ќе го започнеме со испишување на порака "Здраво!".
Значи треба да креираме textbox или label и button.
Сега треба малку да обрнеме внимание на прозорецот со својствата (Properties).
Во прозорецот со својства од textbox-от во својството text пишуваме "Здраво", а во font подесуваме со каков фонт сакаме да биде испишан нашиот збор. Својството visible го местиме на false(со тоа правиме да не биде видлив textbox-от кога ќе ја стартуваме апликацијата.
На копчето исто така во text можеме да напишеме "Pozdrav".
Сега два пати кликаме на формата(празниот дела од формата) за да ни се отвори прозорецот каде што треба да ги пишуваме својствата.
Од class name (горе) избираме button1 а во следниот изборен таб избираме click и ќе ни се отвори "нова класа"
сега помеѓу овој код треба да го пишеме нашиот код за извршување на некаква акција во случајов да се испише порака...
- Код:
-
Private Sub Button1_Click(ByVal sender As Object, ByVal e As System.EventArgs) Handles Button1.Click
End Sub
Значи во празниот ред помеѓу овој код пишуваме:
- Код:
-
TextBox1.Visible = True
И нашиот код е готов...сега преостанува да кликнеме на play копчето од алатната листа и ќе го видеме резултатот.
Го завршивме нашиот прв проект.